Други спортови
Дел Потро: Лајовиќ беше многу добар
Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро потенцира дека извлекол поука од неочекуваниот пораз од српскиот тенисер Душан Лајовиќ во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид.
Лајовиќ кој го направи најголемото изненадување на турнирот го совлада шестиот тенисер во светот со 2:1 во сетови.
– Се чувствувам добро. Не е исто кога тренирате и кога се натпреварувате. Затоа можеби два натпревара не беа доволни, но и тоа е во ред, нагласи аргентинскиот тенисер кој во Мадрид настапи по речиси едномесечна пауза.
Дел Потро наведува дека и покрај поразот позитивно гледа на нештата.
– Секогаш има добри работи благодарение на кои можете да напредувате. Ова ми беше прв натпревар на земја, која е исклучително тешка подлога. Играта беше изедначена, но Лајовиќ беше многу добар. Увидов каде треба да се подобрам пред турнирот во Рим и Ролан Гарос, истакна Дел Потро.
За српскиот тенисер Душан Лајовиќ ова е прво полуфинале на турнир од серијата 1.000 и ќе игра против Кевин Андерсон.