Connect with us

Фудбал

Деле Али: Беше важно со победа да ја започнеме сезоната

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али, по денешната победата над Њукасл (2:1) рече дека е многу важно што ги освоиле трите бода.

– Беше важно да се започне со победа. Пред нас е долга сезона, а ние треба да напредуваме, но тоа беше добар почеток. И минатата сезона исто така постигнав гол против Њукасл на гостински терен. Сакам да продолжам да напредувам како играч, но исто така и целиот тим, истакна фудбалерот на Тотенхем.

Деле Али попладнево на „Сент Џејмс Парк“ погоди во 18.минута за водство во тој момент од 2:1 што на крајот се покажа и како конечен резултат.