Фудбал
Делф заминува од Русија, раѓањето на детето поважно од Мундијалот
Англискиот репрезентативец Фабијан Делф го напушта Светското првенство во Русија и се враќа во Велика Британија, бидејќи неговата сопруга наскоро ќе се породи.
– Не постои ништо поважно од семејството. За мене, тоа е секогаш на првото место. Му благодарам на селекторот Герет Саутгејт за разбирањето, истакна Делф по одлуката да замине од кампот на англиската репрезентација.
Делф и неговата сопруга многу наскоро ќе го добијат третото дете, а фудбалерот, уште пред замнувањето во Русија, знаеше дека тоа ќе се случи за време на Мундијалот.
Тој не играше на првиот натпревар против Тунис, а на натпреварот против Панама влезе во второто полувреме. Синоќа на натпреварот против Белгија ги одигра сите 90 минути.
Англија во осминафиналето во вторник ќе игра против Колумбија.