Connect with us

Фудбал

Дембеле како спасител

Најголемото разочарување кога е во прашање актуелната сезона во француската Лига 1, тимот на Монако, ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Муса Дембеле.

Искусниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а се погласни се шпекулациите дека ќе биде продаден во јануари. Неофицијално, Монако е подготвен да одвои околу 5 мил. фунти за неговите услуги и да му понуди годишна плата од 4 мил. евра.