Фудбал
Демирал сака да замине, Јувентус бара премногу
Турскиот репрезентативец Мерих Демирал има намера да го напушти Јувентус.
Демирал не ја доби вистинската можност покрај Леонардо Бонучи, Џорџо Киелини и Матијас де Лихт, а свесен е дека нема да добие вистинска минутажа и во новата сезона.
Затоа изрази желба Јувентус да го пушти, а Старата дама е подготвена да го продаде за 30 милиони евра.
Англиските клубови Лестер и Евертон го посакуваат играчот, но тој и неговиот менаџер сметаат дека италијанскиот тим бара прекумерна бројка и дека треба да биде најмалку 10 милиони помалку.
23-годишниот Турчин пристигна во Јувентус во 2019 година од Сасуоло, претходно играше за Алањаспор и Спортинг.