Connect with us

Фудбал

Ден за историја, синот ќе се бори за бронза, но слободен ден за таткото нема, продава риба на пазар (ФОТО)

Хрватска попладнево во 16 часот против Мароко игра за бронзен медал на СП во Катар. Ова е ден за историја, особено за помладите фудбалери на Хрватска, како што е еден од најдобрите, дефанзивецот Јошко Гвардиол.

Но, интересна приказна доаѓа од Хрватска. Имено, неговиот татко Тихомир не зема слободен ден ниту денеска кога се игра големиот меч. Имено, тој во текот на денот продава риба на пазарот во Долац пренесуваа тамошните медиуми.