Фудбал
Денешниот ден е најфудбалскиот ден во годината: Кристијано и Нејмар слават со куп фудбалски легенди!
Запомнете го 5-ти февруари, бидејќи тоа е можеби најфудбалскиот датум во годината! Кристијано Роналдо го слави својот 38 роденден, но тој е само еден од бројните фудбалски асови кои се родени на овој датум.
Во далечната 1932 година е роден прородителот на фудбалската линија Малдини – Чезаре. Како играч повеќе од една деценија настапуваше за Милан, а подоцна беше успешен тренер и селектор. Следен фудбалски великан роден на денешен ден е Свен Горан Ериксон, човек кој освои титули со Рома, Сампдорија, Бенфика и со Лацио.
Најдобриот романски фудбалер на сите времиња Хаџи е исто така роден на 5 февруари, во 1965 година, додека десет години подоцна на овој датум е роден поранешниот дефанзивец на Феенорд, Ренџерс, Арсенал и Барселона, Џовани Ван Бронхорст.
Родриго Паласио, поранешен напаѓач на бројни италијански клубови и долгогодишен репрезентативец на Аргентина, е роден на 5 февруари 1982 година, а Карлос Тевез е роден две години подоцна во Фуерте Апаче! Најновата ѕвезда родена на 5 февруари е Нејмар, кој е роден 1992 година, а на тој датум се родени и Џон Алоизи, Лукас Винтра, Били Шарп, Мануел Фернандез…