Фудбал
Денеска заврши една ера во Јувентус!
Големи промени доаѓаат во Јувентус и ќе биде интересно да се види како ќе изгледа тимот од Торино следната сезона.
Зад Старата дама е релативно успешна сезона со освојување на Купот и Суперкупот, но губење на Скудетото. Пласманот во Лигата на шампионите го освои во последното коло, благодарение на Верона, која не загуби од Наполи.
Торинскиот клуб денес го потврди заминувањето на Фабио Паратичи, човек кој извршуваше неколку позиции во таборот на Бјанконерите во последните десет години.
Паратичи беше една од клучните фигури на враќањето на Јувентус на врвот во Серија А, од 2011 до 2018 година ја извршуваше функцијата спортски директор, по што стана директор за фудбал во еден од најголемите клубови денес.
Италијанецот го напушта Јувентус со 19 освоени трофеи, но и со низа одлични трансфери што им овозможија на тренерите на располагање многу силен и конкурентен тим.
Fabio Paratici lascerà la Juventus. https://t.co/43a1AqaEeS pic.twitter.com/E8ISXqDAwZ
— JuventusFC (@juventusfc) May 26, 2021
“Ова беа убави години. Јас напредував професионално. Јувентус ми дозволи слободно и со целосна почит да ја извршувам својата активност. За тоа, им благодарам на сите играчи, соработници, следбеници, играчи, тренери и особено на претседателот Андреа Ањели”, Рече Паратичи.
Италијанските медиуми јавуваат дека следен за заминување е Андреа Пирло и многу веројатно е дека во клубот ќе се врати Масимилијано Алегри, кој наводно побарал да не му се продолжува договорот на Паратичи.
Како што стојат работите сега, Паратичи ќе биде заменет од Федерико Черубини, исто така долгогодишен вработен во Јувентус и човек од доверба на претседателот Ањели. Се очекува да заминат и голем број скаути кои беа ангажирани во клубот.
Инаку, Јувентус исто така стравува од одлуката на УЕФА откако беше покрената истрага поради формирање на Суперлигата. Како што стојат работите сега, на Јувентус, заедно со Барселона и Реал Мадрид, му се заканува исфрлање од Лигата на шампионите, која ја освоија на теренот.