Connect with us

Фудбал

Депај промовиран, платен за мали пари, но Атлетико Мадрид и Барса со интересна клаузула!

Фудбалските клубови Барселона и Атлетико Мадрид го официјализираа трансферот на Мемфис Депај. Холанѓанецот потпиша договор до 2025 година, а Атлетико за него плати три милиони евра и дополнителни преку бонуси. Сепак, она што е најинтересно е што во договорот било поставено правото на првенствено за купување на Јаник Караско. Барса и Атлетико потврдија дека Каталонците  можат да го купат Белгиецот за 15 милиони евра на лето доколку сакаат.

Се на се, Депај си замина од Барса после година и пол, дојде бесплатно од Лион, во најлошото време за клубот, кога си заминаа Меси и Гризман.

Атлетико доби големо засилување, а ќе видиме дали Барса ќе ја искористи можноста да го купи Караско за 15 милиони на лето.