Connect with us

Фудбал

Дерби на Ливерпул и Челзи за заборав, но Мудрик дебитираше и покажа зошто „сините“ издвоиле огромна сума на пари (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул и Челзи ремизираа без голови (0:0) во дербито на 21. коло од Премиер лигата.

За Јирген Клоп тоа беше 1.000. натпревар како тренер, но нема да може да го памети по нешто убаво. Посебно што ова беше прва лигашка средба меѓу двата тима од 1972 година која заврши без голови.

Го видовме и дебито на најголемото зимско засилување на сините, Михајло Мудрик, кој во неколку наврати покажа зошто Челзи издвојува деветцифрено обештетување за него, додека Цезар Азполикуета влезе од клупата и го забележа 500-от настап за Челзи. Првиот странец во тимот на Челзи на кој му успеало тоа.

Двата тима сега имаат по 29 бода, но Челзи има натпревар повеќе. Ливерпул е осми со подобра гол разлика, додека Челзи е на 10-та позиција.

Премиер лига, 21. коло

сабота

Ливерпул – Челзи 0:0

16:00 Бурнмаут – Нотингем

16:00 Лестер – Брајтон

16:00 Саутемптон – Астон Вила

16:00 Вест Хем – Евертон

18.30 Кристал Палас – Њукасл

недела

15.00 Лидс – Брентфорд

15:00 Манчестер Сити – Вулверхемптон

17:30 Арсенал – Манчестер Јунајтед

понеделник

21:00 Фулам – Тотенхем


Standings provided by Sofascore