Фудбал
Дербито на Манчестер под знак прашалник
Дербито од 16. коло на англиската Премиер лига меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити може да се одложи поради силни снежни врнежи.
Според распоредот, дуелот треба да се одигра в недела, но може и да не се случи.
Теренот на „Олд Трафорд“ се загрева, но температурите под нулата може да доведат до формирање мраз на трибините. Ако дојде до ова, натпреварот ќе биде одложен, пишува „Дејли Мејл”.
Обилни снежни врнежи се очекуваат и во Ливерпул, каде што исто така на 10 декември на програмата е градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон.