Connect with us

Фудбал

Дешамп откри дали Жиру ќе игра на Мундијалот

Репрезентацијата на Франција синоќа ремизираше против репрезентацијата на САД (1:1) во пријателскиот натпревар пред Светското првенство.

„Триколорите“ на тој начин ги одработија своите последни припреми пред заминувањето во Русија, каде за пет дена започнува Мундијалот. Сепак овој натпревар остана во втор план, откако Оливиер Жиру се здоби со повреда на главата после судирот со Мат Миазг.

По судирот Жиру остана крвав да лежи на теренот, а ништо подобро не помина и фудбалерот на Америка. Многумина се запрашаа дали напаѓачот на Челзи ќе биде спремен за Светското првенство, односно дали Дидие Дешамп ќе биде приморан да повика некој друг напаѓач. Селекторот на Франција излезе со изјава и ги реши сите дилеми по тоа прашање.

„Доби голем рез од шест сантиметри. Иман неколку конци кои му ги ставија во соблекувалната и се чувствува добро. Нема причина да не биде спремен за Светското Првенство“, изјави Дешамп.