Connect with us

Фудбал

Дешамп со ултиматум до Гризман: Мораш да одлучиш, или нема да одиш на Мундијалот

Францускиот напаѓач Антоин Гризман се наоѓа во голема дилема неколку дена пред почетокот на Светското првенство кое се игра во Русија.

Гризман се уште нема одлучено дали ќе остане во Атлетико Мадрид и во наредната сезона или кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Очигледно е дека овој напаѓач е под голем притисок, а тоа почна да му пречи и на селекторот на француската репрезентација, Дидиер Дешамп.

Како што пишуваат француските медиуми, Дешамп и Гризман синоќа имаа разговор после вечерата, затоа што селекторот на „Триколорите“ сака да му даде јасна порака на неговиот напаѓач. Наводно, на Дешамп му пречи тоа што Гризман е пот талкав притисок, и му поста услов дека мора да одлучи за својата иднина до крајот на оваа недела.

Дешамп не сака ништо да ја нарушува атмосферата во неговата екипа, затоа што од Франција се очекува многу на Мундијалот. Поради тоа му порача на Грисман дека најкасно до утре мора јасно да каже што одлучил, односно, дали ќе остане во Атлетико или ќе премине во Барселона.

Барса е подготвена да ја активира откупната калаузула во неговиот договор од 100 милиони евра, а тоа „Каталонците“ ќе можат да го направат на 1. јули доколку Гризман се согласи за трансфер.