Connect with us

Фудбал

Десната рака на Меси ја ризикуваше кариерата само за да игра на Светското првенство

Фудбалерот на Тотенхем, Џовани Ло Селсо, кој моментално е на позајмица во Виљареал, одлучи да ги „жртвува“ двомесечните плати доколку клубот не му даде зелено светло за учество на Светското првенство во Катар.

Играчот од средниот ред ја заработи повредата додека играше за Виљареал, а првичните извештаи сугерираат дека ќе му треба операција на мускулот.

Но, тој сепак дојде до „лудата“ идеја да ја претставува Аргентина на најважниот спортски настан во годината. Тој им предложи на претпоставените да се справат со проблемот со повредите дури по Катар – покажувајќи дека неговата нација е над се!

Ло Селсо е третиот играч со најмногу настапи за Гаучосите во ерата на Скалони.