Connect with us

Други спортови

Дете за кое нема лек: Ја воодушеви планетата, уништува се пред себе!

Талентираниот шпански тенисер Карлос Алкараз го освои АТП турнирот во Мајами откако во финалето го победи Норвежанецот Каспер Руд со резултат 7:5, 6:4.

Наследникот на Рафаел Надал и според многумина најголемата надеж на светскиот тенис во моментов, продолжува да воодушевува. Тој беше одличен во Мајами, на крајот сосема заслужено ја освои титулата.

Руд подобро го отвори натпреварот поведе со 3-0, но брејк предноста против Шпанецот не беше доволна. Алкараз го врати брејкот во седмиот гем, а потоа со резултат 5:5 му го одзема сервисот на ривалот, па со сигурен сервис стигна до предност во сетови.

Алкараз на почетокот од вториот сет го разби Руд, стигна до 3-0, на крајот спас немаше Норвежанецот, кој на младиот тенисер можеше само да му честита на новата победа и титула.

За Алкараз ова беше прво финале на Мастерс 1000 и прва „поголема“ титула. Тој претходно славеше на АТП турнирите во Умаг во 2021 година и Рио де Жанеиро во 2022 година. Се чини дека ова е само почеток на една одлична тениска кариера за 18-годишно чудо од дете.

Оваа вечер беше финале на дебито на турнирот Мастерс 1000, а со 18 години и 11 месеци Алкараз стана најмладиот победник во 37-годишната историја на Мајами, а воедно е и трет најмлад победник на турнирот Мастерс 1000 по Мајкл Чанг и Рафаел Надал.