Фудбал
Девојчето жестоко казнето затоа што втрчала на теренот, но нејзините зборови доволно зборуваат за Роналдо
Кристијано Роналдо синоќа го исполни сонот на една девојка која се најде на теренот на стадионот Авива во Даблин по натпреварот меѓу Ирска и Португалија.
Единаесетгодишната Адисон Вилан влета на теренот по натпреварот и дојде кај Кристијано Роналдо да побара дрес.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и ја исполни желбата. Расплаканата девојка доби дрес и прегратка од Роналдо, а потоа обезбедувањето ја изведе надвор од теренот.
Сепак, нејзиното влегување на теренот не помина неказнето. Девојчето е казнето со 2.500 фунти.
„Бев казнета затоа што втрчав на теренот. За среќа, татко ми ќе плати за тоа“, изјави Адисон за FM104.
Таа објасни и како стигнала до Роналдо.
„Седев во вториот ред. Лесно ги прескокнав првите клупи и преградата. Трчав на теренот, а обезбедувањето беше веднаш зад мене. Само продолжив да трчам викајќи го името на Роналдо. Тој се сврте и ме виде. Им рече дојде да ме пушти на мир. Дојде кај мене, бев во шок, но успеав да побарам дрес. Јас сум негова голема обожавателка“, изјави оваа девојка.
На крајот Адисон си замина дома со вреден подарок, а Роналдо уште еднаш покажа дека е навистина голема личност.
❤️❤️❤️ pic.twitter.com/UC9ewudwmA
— ESPN FC (@ESPNFC) November 11, 2021