Connect with us

Ракомет

Девојчињата удрени во Ѓорѓе Петров се всушност ракометарки на Вардар

Во сообраќајната несреќа која се случила синоќа во населбата Ѓорѓе Петров повредени се две девојчиња, кои всушност се ракометарки на ЖРК Вардар.

Според информациите возач на џип загубил контрола, откако друго возило му го пресекло патот, па удрил во автобуската постојка каде автобус чекале двете ракометарки.

Двете девојки се хоспитализирани, но информациите велат дека повредите не се опасни и дека се во стабилна и добра здравствена состојба. Наскоро ќе бидат пуштени дома.