Connect with us

Тајмаут

Девојката има докази и тврди дека била претепана од младиот напаѓач на Јунајтед, се огласија од клубот

На социјалните мрежи утрово се појавија слики и наводи дека талентираниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд наводно ја претепал својата девојка.

Хариет Робсон, девојката на фудбалерот на Јунајтед, тврди дека тој ја тепал и и приложила докази за тоа, а има и аудио снимка која ги поткрепува нејзините тврдења.

Се огласи и клубот од Олд Трафорд, кој во соопштението порача: „Свесни сме за сликите и обвинувањата кои кружат на социјалните мрежи. Нема да коментираме дополнително додека не се утврдат фактите. Манчестер Јунајтед не одобрува насилство од било каков вид“.

Спортскиот весник „The Athletic“ ги контактираше претставниците на Гринвуд за коментар, но немаше конкретна реакција.

„Најк“ соопшти дека внимателно ја следат ситуацијата околу Гринвуд и секако дека се длабоко загрижени поради вознемирувачките обвинувања дека младиот напаѓач може да остане без договор со оваа американска компанија за спортска опрема.

20-годишниот Гринвуд порасна во Манчестер и постигна 36 гола на 130 настапи за клубот, а ако се покаже дека навистина ја претепал девојката, тоа ќе биде голема дамка за неговата кариера, чија иднина веќе е доведена во прашање.

Ова не е прв скандал за Гринвуд, кој претходно беше исфрлен од англиската репрезентација бидејќи ги прекршил правилата за карантин и се забавувал со непознати девојки во хотелска соба.