Connect with us

Други спортови

Девојката која во Формула 3 излета со 276 км/ч има скршеница на рбетот (Видео)

Голем инцидент ја одбележа трката во Формула 3, во кој со повреди се здоби младата натпреварувачка Софија Флорш (17), откако за момент ја загуби контролата врз болидот и со голема брзина излета од патеката.

Германката удри во друг болид, па излета и заврши во заштитната ограда. За среќа, моментно е во добра здравствена состојба и покрај скршеницата на р‘бетот, поради којха ќе мора да оди на операција. Информацијата ја потврди и самата Флорш, на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите за грижата.

Младата девојка од патеката за време на трката во Макау излета со неверојатни 276,2 километри на час. Покрај девојката, со повреди се здобиле и еден редар, како и двајца фотографи кои биле во близина на оградата.