Connect with us

Фудбал

Џаиќ: Тоа што го испишавме со Ц. Звезда, нема да го повтори ниту еден тим од Балканов!

Македонските фудбалски легенди денеска играа ревијален натпревар против ветераните на поранешниот европски шампион, екипата на Црвена звезда по повод празникот „13 ноември“, денот на ослободувањето на градот Скопје.

На помошното играчиште на Работнички можеше да се забележи повеќе публика отколку на натпрервар од Првата манедонска фудбалска лига. Причина за тоа секако беа бројните легенди од македонскиот фудбал, како и пред се од белгадкиот гигант, кои несебично се фотографираа со фановите, делеа автограми и слично.

Нормално во преден план беше легендарниот Драган Џаиќ, потоа Владимир Петровиќ – Пижон, Јован Аќимовиќ, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Тони Мицевски, кои иако беа најавени дека ќе играат, сепак гледаа од „ложата“ во кафулето крај теренот. Навидум, овој ревијален меч изобилуваше со убава забава кај присутните, дружба со легендите, па затоа резултатот беше ставен во втор план

  • Ние бевме одлична генерација, Европа знаеше за сите нас. Имавме инзвонредни играчи и поради тоа го направивме историскиот клупски успех во 1992 година (освојување на трофејот – Куп на европски шампиони). Тоа не беше успех само за белгардскиот тим туку за цела Југославија. Сметам дека никогаш повторно тоа што го испишавме со Црвена звезда нема да го повтори некој клуб од Балканов. Потоа дојде до распад на Југославија и од тогаш многу е тешко да се оствари некој позабележителен успех на некој од клубовите во големите европски натпреварувања, се присети Џаиќ.

Една од иконите на „црвено – белите“ исто така додаде за моменталниот тим што го поседува Црвена звезда, која се натпреварува во групната фаза од Лигата на шампиони. Тимот од Белград минаттата недела запиша изненадувачка победа против пермиерлигашот Ливерпул, но и понатаму е далеку од пласман во понатамошната фаза.

  • Се надевам дека наредните години, исто како и изминатите неколку, Црвена звезда ќе биде дел од елитните натпреварувања, без разлика дали е тоа Лигата на шампиони или Лигата на Европа. Што се однесува до големите резултати, сметам дека е рано да се зборува за тоа, бидејќи како што стојат работите во моментов, тешко би се случило нешто такво. Но, едно е јасно, Звезда во моментов има добар тим, кој во иднина би можел да се надева дека ќе направи солидни резултати, вели Џаиќ.

Фотографии од натпреварот