Connect with us

Фудбал

Џан пристигна во Торино за да потпише договор со Јувентус

Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус објави на Твитер дека играчот од средниот ред Емре Џан допатувал во Торино.

Се очекува за многу скоро време 24-годишниот германски фудбалер да потпише договор со „Старата дама“.

Последниот клуб на Џан беше Ливерпул. Тој за „црвените“ играше во периодот 2014-2018 година. Од почетокот на овој месец го напушти „Енфилд“ како слободен агент.