Фудбал
Џејми Варди на операција
Џејми Варди ќе мора да оди на операција на колкот и нема да биде на теренот неколку недели.
Искусниот напаѓач е незаменлив за Лестер оваа сезона. Постигна 11 гола, но во последно време е малку надвор од форма поради повреда што му се случи.
Колкот го мачи со години. Тој честопати имаше проблеми со тоа, а сега ќе мора повторно да се оперира.
„Џјми Варди ќе биде надвор од теренот неколку недели. Тој нема да биде надвор долго, бидејќи тоа е само „поправка“ во областа на колкот и препоните. Ќе се врати за неколку недели“, изјави Брендан Роџерс.
Варди одигра 15 од 18 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, и имаше проблеми со задната ложа претходно во сезоната.