Connect with us

Кошарка

Џејмс: Последниот пораз беше многу болен

Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Леброн Џејмс, наведе дека претрпел многу порази во финалињата на НБА лигата, но призна дека првиот загубен натпревар во финалната серија годинава е еден од најлошите во неговата кариера.

Кливленд имаше можност во последните секунди од регуларниот дел на натпреварот да дојде до победа против Голден стејт вориорс, но не ја искористи шансата, па актуелниот шампион славеше по продолженијата.

–          Ова беше еден од најболните порази во мојата кариера заради начинот на кој се случи и дека имавме можност да победиме, истакна Џејмс.

Натпреварот го одбележа несфатливата грешка на кошаркарот на Кливленд, Џеј-Ар Смит, кој во одлучувачките моменти ја имаше топката на 4,5 секунди до крајот на регуларниот дел од натпреварот при резултат 107:107, но изненадувачки ја задржа топката додека не истече времето, наместо да шутира кон кошот или да додаде на некој од соиграчите.

–          Сепак, следниот ден го дочекав возбуден затоа што знам дека имаме шанса да бидеме подобри и тоа ќе го покажеме во вториот натпревар, потенцира кошаркарот на Кливленд.

Џејмс натпреварот го заврши со 51 поен, и по осум скокови и асистенции.  

Во меѓувреме НБА лигата го објави извештајот поврзан со судиските одлуки во последните две минути од регуларниот дел на првиот финален натпревар во кој се наведува дека судиите во последните две минути донеле повеќе неточни одлуки на сметка на Кливленд.

Вториот натпревар од финалната серија се игра вечерва повторно во Оукленд.