Connect with us

Фудбал

Џеко даде краток, но сосема јасен коментар за трансфер во Реал Мадрид

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина и голгетер на Рома, Един Џеко во последно време се погласно се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Скаутите и челниците на Реал Мадрид го следат Џеко, но дека е многу блиску до потпис со „кралскиот“ клуб е далеку од вистина што и самиот Един го потврди во разговор за „Кикер“.

“Искрено, ги прочитав тие вести, но се што можам да кажам е дека не сум имал никакви контакти со Реал Мадрид и моментално сум фокусиран само на Рома“ јасен беше Џеко.

За волја на вистината, Џеко оваа сезона игра под очекувањата во Сериј А, баш како и неговата Рома кој не може да се приближи кон врвот на табелата. Во 12 натпревари во Серија А, Џеко постигна само два скромни гола.

Извор: sportclub.mk