Connect with us

Фудбал

Џилардино го одби Кристал Палас, ќе игра во Серија Б

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Алберто Џилардино, кариерата ќе ја продолжи во второлигашот Специја, соопшти денеска клубот од Серија Б.

Своевремено еден од најталентираните италијански напаѓачи беше без клуб цело лето, откако си замина од Пескара. Имаше обид да заигра во Монтреал, Канада, доби повик и од премиерлигашот Кристал Палас, но на крајот ја прифати поканата на второлигашот Специја.

35-годишниот Џиралдино кариера ја започна во Пјаченца, а потоа играше за Верона и Парма, од каде за 25 милиони евра премина во Милан со кого ги освои Лигата на шампионите, Супер Купот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Сепак, на „Сан Сиро“ не ги исполни големите очекувања, а подоцна играше за Фиорентина, Џенова, Болоња, Палермо, Емполи и Гванжу Евергранде.

Со Италија беше светски шампион во 2006 година.