Connect with us

Фудбал

Џо Гомез го пропушта финалето од Лигата на Шампионите

Младиот Џо Гомез од Ливерпул ќе го пропушти финалето на Лигата на Шампионите против Реал Мадрид на 26-ти мај.

Дваесетгодишниот десен бек се здоби со повреда на натпреварот против Челзи, а со тоа за него оваа сезона е завршена, а Клоп на него нема да може да се потпре во најважниот натпревар за Ливерпул оваа сезона.

Џо Гомез пристигна во Ливерпул во 2015 година од Чарлтон за пет милиони евра, а оваа сезона настапуваше на 31 натпревар во сите натпреварувања.