Connect with us

Други спортови

Џошуа е подготвен да се откаже од милионите за натпревар со Фјури

Ентони Џошуа е подготвен да се откаже од милионте за да се бори против Тајсон Фјури за титулата апсолутен светски шампион.

Џошуа има четири од петте ремени во тешка категорија. Единствената титула што му недостасува е онаа на WBC во сопственост на Фјури.

„Ако Еди Харн може да обезбеди борба со Тајсон Фјури, јас сум подготвен да се борам дури и без публика“, рече Џошуа, продолжувајќи:

„Ако борбата не се случи брзо, не верувам дека Фјури ќе биде таму кога сè ќе се врати во нормала и кога големите сали ќе бидат достапни на публиката. Мора да ја искористиме оваа можност“.

Џошуа исто така е подготвен да се откаже од осумте милиони долари што би ги добил од продажбата на влезниците.

„Сто посто би се согласил на осум милиони долари помалку. Само сакам да се борам“, рече Џошуа за „DAZN“.

Сепак, Британецот прво го чека мечот против Кубрат Пулев закажан за јули.