Connect with us

Други спортови

Џошуа нокаутиран како никогаш во кариерата, Дубоа го уништи во борбата за светската титула (ВИДЕО)

Британскиот боксер Ентони Џошуа беше нокаутиран на вечерашниот боксерски спектакл на лондонскиот Вембли, а пред 96.000 гледачи беше поразен од сонародникот Даниел Дубоа.

Дубоа го нокаутира Џошуа во петтата рунда со разорно десно кроше, кое го погоди во брадата, по што Џошуа падна како да е покосен и не можеше да застане на нозе.

Судијата го прекина мечот, а со овој брутален нокаут Дубоа стана светски првак на ИБФ во тешка категорија.