Други спортови
Џошуа открива што му шепна на Руиз во рингот откако го претепа
Ентони Џошуа признал дека му рекол на Енди Руиз да не се откажува никогаш, откако триумфираше над него во реваншот за Светското првенство во саботата во Саудиска Арабија.
Руиз беше убедливо претепан од Џошуа по 12 рунди.
Судиите едногласно гласаа за Џошуа, кој сега е двократен светски шампион во тешка категорија.
Непосредно по натпреварот, 30-годишникот се виде како нешто му шепоти на увото на Мексиканецот и сега откри што рекол.

„Му реков: Никогаш не се откажувај. Тешко е, ти си голем човек пред сè. И ти си одличен шампион“, откри Џошуа.
Џошуа додаде: „Исто така му реков да не се откажува никогаш и да го следи сонот и дека боксот е тежок. Тој создаде своја историја, свое наследство“.
„Јас ја создадов мојата вечерва и среќен сум што бевме во можност да одиграме улога во наследството на едни со други“, откри Џошуа.