Connect with us

Други спортови

Џудистот Еди Шерифовски елиминиран во првото коло на Олимпијадата во Париз

Третиот македонски претставник на Летните Олимписки Игри во Париз, џудистот Еди Шерифовски, го заврши својот настап со пораз во првото коло во категоријата до 81 килограм. Шерифовски немаше сили за нешто повеќе во оваа борба, бидејќи за противник го имаше актуелниот светски шампион, Бразилецот Гиљерме Шмит, кој победи со ипон во воведната борба.

Шерифовски е третиот македонски олимпиец кој го имаше својот настап на игрите по Ѓуретановиќ во пливање и Мојсовска во стрелаштво. До крајот на Олимписките Игри, Македонија ќе има свои претставници и во таеквондо со Милијана Релјиќ, борење слободен стил со Владимир Егоров и маратон со Дарио Ивановски.