Фудбал
Ди Марија ја воодушеви цела Аргентина кога ја покажа својата нова тетоважа
Репрезентацијата на Аргентина ја освои Копа Америка пред неколку дена откако во финалето го победи Бразил.
Аргентинците загубија дури три финалиња на Копа Америка и едно финале на СП во последните десет години, но конечно успеаја да го скршат тоа проклетство и да стигнат до трофејот.
„Гаучосите“ го совладаа Бразил во финалето, кое се играше на легендарната Маракана, со минимални 1:0, а херој беше Анхел ди Марија, кој го постигна единствениот гол на мечот.
Ди Марија ја искористи лошата реакција на Лоди по долгата топка на Де Пол, и тој излезе сам пред Едерсон и брилијантно го лобуваше за 1:0. Аргентинците успеаја да го задржат водството до крајот и да стигнат до толку посакуваната титула.
Се славеше на улиците на многу аргентински градови до раните утрински часови, а аргентинските играчи се вратија дома еден ден подоцна каде беа навистина фантастично пречекани.
Сега тие добија заслужен одмор кој ќе трае околу три недели, а потоа ќе им се приклучат на своите клубови непосредно пред почетокот на новата сезона.
Сепак, само неколку дена по финалето, Ди Марија реши засекогаш да да остани во сеќавање освојувањето на Копа Америка во националниот дрес, и покажа колку овој трофеј значи за него.
Ди Марија денес на Инстаграм објави дека решил да го посети мајсторот за тетоважи и да го истетовира трофејот Копа Америка на бутот, што ја воодушеви јавноста во Аргентина.
Ángel Di María getting his Copa America tattoo. This from his Instagram. pic.twitter.com/hyF3dUwkkW
— Roy Nemer (@RoyNemer) July 15, 2021
Ова беше еден од последните возови за Лионел Меси, Анхел Ди Марија и Серхио Агуеро да стигнат до некој трофеј со Аргентина, и тие навистина ги крунисаа своите импресивни кариери.