Connect with us

Фудбал

Ди Марија не доби повик за репрезентација, па полуде: А, Меси и Агуеро…?

Анхел Ди Марија не е повикан за настап во репрезентацијата на Аргентина, а главното објаснување било дека станува збор за смена на генерации. Токму поради тоа Ди Марија полудел.

-Ако ги погледате работите реално, тогаш зошто Меси е тука? Зошто Агуеро и Отаменди се тука? Ниту тие не би требало да бидат тука, ако станува збор за смена на генерации. Имам 32 години и можам да продолжам да играм на високо ниво, баш како Нејмар и Мбапе, вели Ди Марија.

-Тешко ми е да разберам зошто не добив повик. Никогаш не ми дадоа вистинско објаснување, се чини дека ниту сакаат да го сторат тоа. Едноставно не сакам повеќе да молчам, порача Ди Марија.