Фудбал
Дибала и Јувентус се договорија, се знае и колку ќе заработува
Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала во следните две недели ќе потпише нов договор со Јувентус.
Со оглед на тоа дека актуелниот договор на Дибал со Јувентус е обврзувачки до летото следната година, во последните месеци се водеа преговори за потпишување на нов.
И тие беа успешно завршени, но поради некои бирократски проблеми се уште не е потпишан, но според италијанските медиуми ќе биде завршен во следните две недели.
Дибала на тој начин ќе заработува 8,5 милиони евра годишно со можни бонуси од 1,5 милиони евра.
Инаку, одличниот аргентински фудбалер сезонава за Јувентус одигра 10 натпревари во сите натпреварувања, со ефект од шест гола и четири асистенции.
За „Старата дама“ одигра вкупно 264 натпревари. Постигна 106 гола на кои додаде 46 асистенции, а играше и за Палермо и Институто АЦ Кордоба.