Connect with us

Фудбал

Диего Коста е најголемиот губитник оваа сезона: Никому не му е јасно зошто направил таква глупост

Фудбалерите на Атлетико Мадрид денес играат на гостувањето против Ваљадолид во последното коло од шпанската Ла Лига и се на чекор до освојување на титулата во Шпанија.

Атлетико е прв на табелата со 83 бода и има два бода повеќе од градскиот ривал Реал Мадрид, кој денес на домашен терен го пречекува Виљареал.

Фудбалерите на Атлетико имаат сè во свои раце и доколку забележат победа сигурно ќе станат нови шампиони на Шпанија, но немаат право на грешка бидејќи во случај на нерешено и победа на Реал против Виљареал тогаш Кралевите ќе бидат шампиони без оглед на ист број на поени.

Реал Мадрид има подобар меѓусебен скор од Атлетико, и сигурно ќе сака да ја победи „Жолтата подморница“ и да го ислуша резултатот од Ваљадолид, кој ќе мора да оди на победа доколку сака да остане во Ла Лига.

Сигурно е дека во последното коло ќе имаме спектакл во Шпанија кој не треба да се пропушти. Атлетико е на чекор до освојување на титулата по седум години, а се чини дека најголем губитник во сето ова ќе биде Диего Коста.

Бразилецот го предводеше Атлетико до титулата пред седум години во фантастична сезона кога на 52 натпревари успеа да постигне дури 36 гола. Сепак, оваа сезона претставата не беше никаде близу до тоа.

Доаѓањето на Луис Суарез го исфрли Коста од почетната постава, но никој не очекуваше дека ќе го напушти клубот од Мадрид во јануари.

Диего Коста ги изненади сите со одлуката на крајот на декември да побара раскин на договорот со Атлетико, кој траеше до крајот на оваа сезона. Атлетико го исполни неговото барање, но на луѓето во клубот не им беше јасно зошто го стори тоа.

Се очекуваше дека Коста веќе се согласи со некој нов клуб и дури се шпекулираше дека ќе се врати во Бразил, но тоа не се случи.

32-годишниот напаѓач сè уште е без клуб и се чини дека е најголемиот губитник бидејќи можеше да остане во Атлетико до крајот на сезоната и да биде дел од тимот што ја освои титулата, бидејќи сепак ќе беше слободен агент лето

Но, Коста донесе сосема нејасна одлука кон крајот на минатата година, која не се исплатеше за него. Ќе биде интересно да се види дали тој ќе успее да најде клуб ова лето и да остане во Европа бидејќи враќањето во Бразил очигледно не е опција за него.

Во првиот дел од сезоната Коста имаше проблеми со повреди и одигра само седум натпревари за Атлетико, постигнувајќи два гола.