Connect with us

Фудбал

Диего Коста го напушти Атлетико и се враќа во Премиер лигата!

Искусниот шпански напаѓач Диего Коста официјално повеќе не е играч на Атлетико Мадрид, па се чека да го објави името на новиот клуб.

Како слободен агент, Коста ќе може да избере каде ќе ја продолжи кариерата во јануари, тој сигурно има доста понуди, но наводно негова одлука е да игра во Арсенал.

На „Топџиите“ им е потребен напаѓач, па се верува дека Коста е идеално решение, а неговиот ангажман најмногу ќе ги разбесни навивачите на Челси.

Коста веќе играше во Премиер лигата и тоа три години за Челзи и сега е подготвен да го облече дресот на неговиот градски ривал.

Дали очекуваме сè да биде официјализирано следната недела или Коста ќе избере друга дестинација од почит кон навивачите на Челзи?