Connect with us

Фудбал

Димитриевски: Одиме до крај сите заедно

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одигра натпреварот од второто коло на Европското првенство против Украина. Нашите фудбалери одиграа одличен натпревар, но сепак победата ја однесе Украина со резултат од 2:1.

По натпреварот Столе Димитриевски го анализираше натпреварот.

„Имавме два натпревара. Првата беше доста добра, додека на вториот меч првиот дел беше послаб од вториот. Сепак, ја покажавме најдобрата игра на ЕП во вторите 45 минути. Искрено, не сум задоволен од себе, затоа што не ѝ помогнав на екипата да дојдеме барем до бод. Сепак, одиме до крај сите заедно. Кога говориме за пеналот, разговараме со сите тренери. Да се одбрани пенал не е лесно, ги имаме сите играчи простудирано. Ова не е само мој одбранет пенал, туку на сите нас. Сега следи Холандија, каде одиме да се покажеме во најдобро светло, па да освоиме барем бод“, изјави Димитриевски.