Кошарка
Димитријевиќ се приклучи на подготовките на кошаркарската репрезентација
Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за престојните мечеви против Данска и Словачка во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Новиот кошаркар на Уникс, Ненад Димитријевиќ се приклучи на подготовките на кошаркарската репрезентција на Македонија пред настапот во претквалификациите за пласман на ЕП 2025.
Како потсетување, во првиот прозорец на ФИБА, македонската кошаркарска репрезентација силите ќе си ги одмери со Данска на 25. август на гостински терен и 28. август против Словачка во Скопје.