Connect with us

Фудбал

Динамо Загреб со голема победа во ЛШ, Ристовски со две асистенции! (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски беше асистент при двата гола за Динамо Загреб во синоќешната гостинска победа над Салцбург со 2:0.

Ова беше дуел од 3. коло во Лигата на шампионите.

Хрватскиот тим поведе во 49. минута со голот на Сандро Куленовиќ, а победата ја потврди Бруно Петковиќ во 84. минута.

За Динамо во почетниот состав беше уште еден поранешен македонски репрезентативец – Аријан Адеми кој одигра 59 минути.

Од 66.минута Динамо играше со фудбалер повеќе по исклучувањето на домашниот голман Александер Шлагер кој играше со рака надвор од шеснаесетникот.