Connect with us

Фудбал

Директорот на Баерн за барањата на Алаба: Па веројатно не мисли дека е подобар од Левандовски и Нојер

Во разговор за „Кикер“, спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ изјави дека Давид Алаба веројатно не мисли дека е подобар од Левандовски и Нојер и дека со платата треба да биде пред нив. Ова доаѓа откако дефанзивецот наводно побарал нов договор со годишна плата од неверојатни 25 милиони евра.

-Во Баерн постојат одредени исклучоци кога финансиите се во прашање. Тоа се Роберт Левандовски и Мануел Нојер. Не верувам дека Давид смета дека е над овие играчи, порача Салихамиџиќ.

Алаба во изминатиот период се поврзуваше со Манчестер Сити, ПСЖ, а претходно за него покажуваа интерес Барселона, Реал Мадрид, но и Интер.

 

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com