Фудбал
Доби отказ од клубот затоа што носи несреќа: „Играчите го побараа тоа, веруваат дека е баксуз“
Напаѓачот на Гана, Мохамед Анас (26) доби отказ од тимот на ТС Галакси од Јужна Африка поради бизарна причина.
Според африканските медиуми, 26-годишниот напаѓач добил отказ бидејќи, верувале или не, му носи несреќа во кој клуб и да настапува.
Неговите соиграчи побараа од управата на клубот да го напушти тимот бидејќи се убедени дека тој е причината што не им оди баш најдобро оваа сезона.
„Каде и да играше во Јужна Африка, неговиот тим се бореше да опстане или испадна од лигата“, изјави извор близок до клубот и додаде:
„Играше во Марицбург и едвај успеаја да останат во лигата. Играше за Фри Стејт Старс и тие отпаднаа, исто како Полокване Сити“.
„Играше за Блек леопардс минатата сезона и се случи истото. Играчите се загрижени. Мислат дека тој носи несреќа. Се борат многу, но нема резултати. Затоа доби отказ од клубот“, беше соопштено за „The Citizen News“.
Мохамед Анас ја започна својата кариера во Марицбург Јунајтед, а потоа играше за Фри Стејт Старс, Полокване Сити и Блек Леопардс.