Connect with us

Фудбал

Добра ждрепка за Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, со задоволство ја прифати ждрепката за осмина-финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Англискиот премиерлигаш за противник го доби актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М).

  • Убава ждрепка. Беше јасно дека ќе добиеме тежок ривал и очигледно е дека Баерн е топ тим. Ќе биде пријатно да отидеме во Германија. Има многу време за подготовка до натпреварите. Се надевам дека во февруари сите наши играчи ќе бидат подготвени. Ова ќе биде тежок и интересен меч и го очекувам со нетрпение, изјави Клоп.