Connect with us

Фудбал

Добри вести, Пандев и Елмас добиле негативен тест, ќе бидат во комбинација за најважниот меч за Македонија

Џенова ја крена Италија на нозе. Вкупно 14 членови на овој тим беа позитивни, но на второто тестирање повторно истите добиле позитивен тест, останатите биле негативни, меѓу нив и Горан Пандев. Со оглед на тоа дека последниот меч на Џенова беше против Наполи, веднаш беше тестиран и овој тим. Добрите вести, како што соопшти екипата на твитер, се тоа што сите тестови биле негативни, се разбира и оној на Елиф Елмас. Ова значи дека Горан Пандев и Елиф Елмас ќе бидат во комбинација за најважниот меч за Македонија во поновата фудбалска историја, на 8-ми октомври против Косово, за пласман во финалето од Плеј офот на Лигата на нации. Доколку се обезбеди победа, ќе се игра финале со еден од победници помеѓу Грузија и Белорусија, а победа на овој меч ќе значи пласман на ЕП.