Поврзи се со нас

Фудбал

Додека Јунајтед се срамоти против Тотенхем, договорени две засилувања

Манчестер Јунајтед вечерва на домашен терен доживува вистинска катастрова. По 70-тина минути игра резултатот е 1:5. И додека тимот се срами на „Олд Трафорд“ раководството договори две засилувања, кои во текот на утрешниот ден треба да дојдат на лекарски прегледи.

Станува збор за бекот Алеџ Тељеш од Порто, за чии услуги Јунајтед ќе плати 25 милиони евра.

Вториот е Единсон Кавани кој ги договорил сите услови и кој е слободен играч, па и тој се очекува од понеделник да пристигне на лекарски прегледи.

Тешко е да се верува дека ќе успее Јунајтед да ги донесе најголемите желби Санчо и Дембеле, но се спомнува Даглас Кошта од Јувентус како позајмен фудбалер. Но, за ова останува да се види.

 

Advertisement