Connect with us

Фудбал

Додека на секој начин го брка од „Ноу Камп’, најплатениот играч на Барса во животна мисија

Многу играчи на Барселона беа критикувани во последните месеци поради нивната слаба игра и резултати.

Играчот кој може да го носи неславниот епитет „најголемиот неуспех во историјата на Барселона“ секако е Филипе Кутињо.

Каталонците искешираа 130 милиони евра на Ливерпул за Бразилецот, а за возврат добија едно големо ништо бидејќи некако со доаѓањето на Кутињо почна падот на Барса.

На „Ноу Камп“ сега ги бараат сите начини да се ослободат од искусниот офанзивец кој со плата од 22 милиони евра е и најплатениот играч на поранешниот шампио Барселона.

И додека константно е на удар на медиумите, Кутињо не ја искористи паузата за одмор и посета на егзотични места, тукуза хуманитарната мисија.

Имено, во Рио Де Жанеиро, Кутињо подели 500 пакети хуманитарна помош на најзагрозените луѓе во населбата Варген Гранде.

На местото каде што ги подели пакетите, Кутињо ќе изгради свој институт за образование и спорт, кој треба да биде готов до 2022 година.

Кутињо одамна е познат по хуманитарните акции, па во екот на пандемијата Ковид-19, тој донираше околу 20 тони храна и средства за хигиена на жителите на Мангуеира и Васко Бариер.

По неколку дена поминати во Бразил, 29-годишниот фудбалер во вторник се враќа во Барселона. Останува да видиме дали средината ќе се промени во јануари. Многумина на Ноу Камп би биле пресреќни доколку тоа се случи.