Фудбал
Додека во Мадрид се слави титулата, цела Мајорка тагува
Реал Мадрид вечерва го совлада Виљреал со 2:1 на домашен терен, во 37. коло од Ла Лига, а пред крајот на првенството ја потврдија титулата шампион на Шпанија – 34-та во својата историја.
Се слави и на стадионот Алфредо ди Стефано, и во Мадрид и низ целиот свет, но во еден дел од Шпанија има вечерва поголема тага, повеќе отколку во Барселона, која остана без титула.
Имено, Мајорка вечерва беше поразена од Гранда на домашен терен, 1:2, и со тоа се збогува од елитниот ранг.
Имаше надеж за Мајорка која го презеде водството, но потоа дозволи пресврт.
Патем, сега има само едно непознато во Шпанија. Во последното коло, ќе се одлучи кој ќе оди во Ла Лига 2, Леганес или Селта Виго.
Селта во моментов е над линијата со 36 бода, додека Леганес е подолу – со еден бод помалку.
Тимот од Виго е домаќин на Еспањол, кој се збогуваше со елитата уште порано, а Леганес го пречекува новиот шампион, тимот на Реал Мадрид.