Фудбал
Договор од 100 милиони фунти: Џек Грилиш нов играч на Манчестер Сити!
Џек Грилиш (26) е нов фудбалер на Манчестер Сити.
Трансфер документите беа потпишани синоќа, Грилиш денеска ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор до јуни 2026 година.
Jack Grealish to Manchester City, here we go! Paperworks signed tonight between Aston Villa and City. £100m final fee, contract also signed until June 2026. ???????? #MCFC
Grealish will undergo his medical in Manchester on Thursday morning in order to complete the record-deal. pic.twitter.com/JwVvEn5Ewl
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 4, 2021
Овој трансфер е најголем во историјата на англискиот фудбал. Астон Вила ќе инкасира 100 милиони фунти и ќе го надмине рекордот поставен од Манчестер Јунајтед во 2016 година со доведување на Пол Погба за 86 милиони фунти.
Џек Грилиш ја помина речиси целата кариера во Астон Вила. Една сезона беше на позајмица во округот Нотс, а за тимот од Бирмингем одигра 213 натпревари и постигна 32 гола.
Грилиш, исто така, стана репрезентативец на Англија во дресот на Вила, и одигра 12 натпревари за Англија.