Connect with us

Други спортови

Договор вреден над 1 милијарда долари во Формула 1

LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton SE и сопствениците на Формула 1 потпишаа спонзорски договор вреден повеќе од 1 милијарда долари. Францускиот конгломерат за луксузни стоки ќе го замени Rolex како главен спонзор.

LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton SE ќе стане главен спонзор на Формула 1 од 2025 година, со брендовите Луј Витон, Moët Hennessy и TAG Heuer вклучени во договорот.

Десетгодишниот договор би можел да вреди повеќе од 1 милијарда долари или повеќе од 100 милиони долари годишно, според извори запознаени со ова прашање.

Договорот е удар за водечкиот швајцарски бренд за часовници Rolex SA, кој е партнер во Формула 1 од 2013 година.

LVMH беше главен спонзор на Олимписките и Параолимписките игри кои летово се одржаа во Париз, обезбедувајќи финансиска поддршка од 150 милиони евра. Нејзините брендови се рекламираа за време на натпреварите.

Луј Витон и брендот за накит Tiffany & Co. редовно се рекламираат на глобалните спортски настани, вклучувајќи го и Светското првенство на ФИФА, каде што компанијата ја „облече“ чашата во луксузна актовка. Луј Витон има рекламни кампањи во кои се појавуваат фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси, како и тенисерите Рафаел Надал и Роџер Федерер, снимени од популарната фотографка Ени Лејбовиц.

Договорот за Ф1 доаѓа во услови на забавување на побарувачката за луксузни стоки. Акциите на LVMH паднаа за речиси 9% од почетокот на годината поради загриженоста за апетитот на кинеските потрошувачи за луксузни стоки.