Фудбал
Договорот на Агуеро истекува на крајот на сезоната, Гвардиола му кажа што мора да стори ако сака да остане во клубот
Договорот на Серхио Агуеро со Манчестер Сити истекува на крајот на сезоната, па големото прашање е дали тој ќе остане во клубот.
Не затоа што тој не би сакал, но прашање е дали клубот ќе сака да го продолжи договорот со него.
Имено, Пеп Гвардиола му кажа на својот фудбалер во изјава за британските медиуми што мора да стори за да остане дел од клубот.
“Серхио мора да докаже, како и секој од нас, дека заслужува да остане тука. Тој мора да продолжи да игра на високо ниво, да постигнува голови и да победува во игрите. После тоа, јас и клубот ќе донесеме одлука”, рече Гвардиола.
Агуеро пристигна во Манчестер Сити пред девет години од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 40 милиони евра.