Connect with us

Фудбал

Договорот на Санчез му прави проблеми на Јунајтед во преговорите со Де Геа и Марсијал

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез вчера после долго време доби шанса да настапи во дресот на Манчестер Јунајтед од првата минута во победата на гостувањето кај Бурнамут (2:1).

„Црвените ѓаволи“ со доста маки успеаја да дојдат до три бода благодарение на пресвртот, а солиден натпревар одигра и Алексис. Чилеанецот доби шанса од првата минута затоа што Ромелу Лукаку се повреди и конечно успеа да заигра на позицијата централен напаѓач. Алексис во Манчестер Јунајтед дојде кон почетокот на годината како големо засилување од Арсенал, а може да се каже дека то не беше лош потег.

Манчестер Јунајтед во јануари напреви се за да го доведе Алексис од Арсенал, а во спротивен правец замина Хенрик Мхитарјан. Алексис доби неверојатна плата во Јунајтед и седмично инкасира по 500.000 фунти што е далеку пред сите фудбалери на овој клуб. Зад него е Пол Погба со 290.000 фунти, а потоа следува Лукаку со 250.000 фунти неделно.

Меѓутоа, покрај тоа што многумина сметаа дека овој фудбалер беше големо промашување за Манчестер Јунајтед, клубот сега може да добие нови проблеми поради Алексис Санчез. Имено, Јунајтед преговара со Давид де Геа и Антони Марсијал на кој му истекуваат договорите на крајот на сезоната.

Де Геа и Марсијал оваа сезона веројатно се и најважните играчи за Манчестер Јунајтед и нивното евентуално заминување би било тежок удар за „Црвените ѓаволи“. Но, преговорите не одат баш по планот, а за се е виновен договорот на Алексис Санчес. Англиските медиуми пренесуваат дека агентите на Де Геа и Марсијал бараат за своите играчи значително поголеми плати, а како пример го посочуваат Алексис Санчез кој инкасира половина милион фунти, аа игра многу лошо од доаѓањето од Арсенал.

Во Манчестер Јунајтед сигурно се плашат дека во иднина би можеле да имаат огромни проблеми затоа што никој од играчите не сака да прифати да има помала плата од Чилеанецот. Секако за тоа е најмногу е виновен Алексис кој не ја оправда неверојатната сума на пари која Јунајтед ја вложи за него.