Connect with us

Фудбал

Договорот речиси постигнат, Венгер седнува на клупата на Милан?

Арсен Венгер пред неколку дена откри дека сака да се врати на тренерските активности во наредната година, но тоа би можело да се случи и нешто порано.

Некогашниот тренер на Арсенал се поврзува со Милан, а сега „France Football“ пренесува дека Венгер веќе со недели бил во преговори со челниците на „Росониерите“ и дека постигнувањето на договорот е близу.

Тоа значи дека Венгер наскоро може да го замени Џенаро Гатузо на клупата на Милан, а веќе од порано е познато дека челниците на клубот не се задоволни од резултатите кои ги постигнува некогашниот италијански репрезентативец.

Иако Милан конечно пронајде каква-таква форма, по се изгледа дека ниту последните успеси нема да го спасат Гатузо, а враќањето на „Росониерите“ на врвот на европскиот фудбал ќе биде новата задача на Арсен Венгер.